Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

СВР Струмица и РСБСП со превентивна активност го одбележаа Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди

СВР Струмица и РСБСП со превентивна активност го одбележаа Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди

На 15.11.2025, Секторот за внатрешни работи Струмица, преку Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај  Струмица во партнерство со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата го одбележа Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди.
Активноста беше реализирана на повеќе локации на подрачје на Струмица, при што во разговор со возачите, полициските службеници ги потсетуваа за нивната обврска да возат одговорно и безбедно со што даваат свој придонес за намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди.
Имено, во периодот од јануари до октомври 2025 година на подрачје на СВР Струмица се бележи намалување на вкупниот број на сообраќајни незгоди споредбено со истиот период од 2024 година, односно во десетте месеци од оваа година на подрачје на секторот се случиле 454 сообраќајни незгоди што е за 13% помалку за разлика од истиот период од 2024 година, кога се случиле 521 сообраќајни незгоди. Исто така, годинава на подрачје на СВР Струмица се случила една сообраќајна несреќа со загинато лице помалку за разлика од истиот период лани.
СВР Струмица апелира до сите учесници во сообраќајот да возат совесно и одговорно, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, бидејќи на тој начин заеднички ќе дадат придонес за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Мени за пристапност