Денеска (28.05.2025) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, на неколку локации во Велес реализираа превентивна активност под мотото „Стави појас“. Преку непосредна комуникација, на граѓаните им беше потенцирана обврската за задолжително користење на сигурносен појас во возилата, но и за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи. При тоа, уште еднаш им беше укажано дека користењето на сигурносни појаси е законска обврска, како за возачите, така и за сопатниците во возилата, со цел зголемување на нивната лична безбедност.
Целта на овие активности е да се влијае на зголемување на сообраќајната култура и зголемување на нивото на безбедност во сообраќајот.
При превентивната активност на граѓаните им беше поделен и едукативен печатен материјал, изработен од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.