Денеска (27.05.) во посета на СВР Струмица беа учениците од прво одделение од ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица. Од страна на Отсекот за превенција, заедно со полициски службеници од ПС ОН Струмица, на децата им беа покажани просториите на ПС ОН Струмица и полициските возила, а децата имаа можност да се запознаат со полициската професија и важноста на полициската работа, како и опремата која ја користат полициските службеници. Во рамки на посетата се реализираше и едукативно предавање на тема „Безбедност во сообраќајот“ и преку едукативни видео материјали и непосредни разговори децата беа запознаени со основните сообраќајни поими, правила, прописи, како и со сообраќајните знаци.
Идентично вакво едукативно предавање за безбедност во сообраќајот од страна на Отсекот за превенција беше реализиран и во Јавната установа за деца-детска градинка „Среќни насмевки“ во Босилово, со децата од големите групи од Босилово и Моноспитово.