Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со волонтери од Црвен крст- Куманово и лекари од Здравствен дом- Куманово денеска (02.07.2025) во Куманово организираа симулациска вежба за правилно укажување на прва помош при топлотен удар, колабирање и изгореници од прв степен, со цел граѓаните да се информираат како треба да постапат во таква ситуација.
При тоа, на граѓаните им беа дадени и корисни совети за заштита од високите температури, како и препораки да користат многу течности, да избегнуваат движење во најтоплите периоди од денот, да носат светла облека итн.