Денеска (12.06.2026) на повеќе локации во Штип, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип реализираа превентивна активност под мотото ,,Паркирај совесно, паркирај одговорно“. Притоа, на возачите им беше потенцирано да паркираат само на дозволените места за паркирање и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, беа поделени и летоци со едукативна содржина.
Превентивна активност денеска беше реализирана во Делчево во насока на препознавање и заштита од семејното насилство. За време на активноста на граѓаните давани совети за самозаштита и упатства за помош и начините како да се препознае насилството, како и насоки за тоа што можат да сторат доколку се најдат во таква ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство. Исто така, граѓаните беа информирани за појавите за семејно насилство, правата и мерките за заштита при постоење на семејно насилство и родово базирано насилство. Особено беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата, однсоно брзо пријавување на бројот 112.
СВР Скопје денеска на подрачјето на Полициската станица Драчево спроведе превентивна активност насочена кон информирање и едукација на повозрасната популација кои се најчеста жртва на телефонските измами. Преку непосреден разговори и делење на едукативен материјал граѓаните беа информирани дека најчест вид на измами се измамите со лажна сообраќајна незгода во која измамниците се јавуваат телефонски и се претставуваат како полициски службеник, адвокат, обвинител или лекар и притоа од жртвата бараат одредена сума на пари. Додека пак, со претставници од општина Зелениково беше одржан работен состанок, при што беа презентирани мерките и активности кои се планирани да се преземат со цел рано спречување на пожари , како и запознавање на граѓаните со законските регулативи доколку не внимаваат на последиците или се предизвикувачи на шумски пожари и пожари на отворено. Исто така, беше разговарано и за реактивирање и редовно функционирање на Локалниот совет за превенција со цел брзо и ефикасно решавање на проблемите кои се поврзани со безбедноста на жителите од општината.