Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Реализирани превентивни кампањи „Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди" и „Користи зимска опрема“

Реализирани превентивни кампањи „Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди" и „Користи зимска опрема“

                                                     
На 15.11.2026 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници  од Отсекот за превенција при СВР Штип, во содејство со полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај, како и  преставници од РСБСП спроведоа превентивна активност на тема „Биди подготвен за безбедно патување во зима - Користи зимска опрема“. За време на активноста на возачите учесници им е укажувано за важноста од одговорно учество во сообраќајот при патување, прилагодување на брзината според условите на патот, користењето на соодветни пневматици и поседување на синџири за снег, односно носење  задолжителна зимска опрема во возилата без разлика на временските услови, која е задолжителна од 15 ноември годинава до 15 март 2027година, со цел на зголемување на севкупната безбедност во сообраќајот. 
Денеска, на подрачје на СВР Струмица, полициски службеници од СВР Струмица, заедно со претставници на РСБСП, со превентивни активности на тема „Стоп за смртта на патиштата-вози одговорно“ го одбележаа 15 Ноември – Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди. На повеќе локации на подрачје на секторот, полициските службеници преку делење на летоци со едукативна содржина и во разговор со возачите ги потсетуваа за нивната обврска за одговорно однесување во сообраќајот, почитување на сообраќајните правила и прописи, а пред се почитување на ограничувањата на брзината на движење, бидејќи токму неприлагодената брзина е најчестата причина за случување на сообраќајни незгоди. 

Додека, пак, денеска на наплатните станици Желино, Тетово и Гостивар, Отсекот за превенција при СВР Тетово во содејство со полициски службеници од полицискте станици за за безбедност на патниот сообраќај беа реализирани превентивна активности под мотото „Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди" и ,,Користи зимска опрема“.

За време на акцијата, на возачите им беше укажано на важноста од одговорно однесување во сообраќајот со цел заеднички да придонесеме за патишта без жртви. Исто така, беше нагласена потребата од користење и носење на зимска опрема во возилата.
На учесниците во сообраќајот од страна на полициските службеници им беа доделени пригодни подароци и едукативни материјали изготвени од МВР, РСБСП и Факултетот за безбедност Скопје.

Мени за пристапност