Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности во Ресен и Делчево за безбеден сообраќај и заштита и спречување на телефонските измами  

Превентивни активности во Ресен и Делчево за безбеден сообраќај и заштита и спречување на телефонските измами  

 

Вчера (13.11.) во Ресен и на излезите од градот, полициски службеници од ОВР Ресен на возачите на моторни возила делеа едукативни летоци, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со пораки за одговорно управување на возилата во зимски услови и согласно позитивна законска регулатива. Исто така, во непосредни разговори на возачите им беше укажано на правилата кои треба да се почитуваат за безбедно управување со моторно возило, за задолжителното прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Денеска (14.11.), полициски службеници од Полициската станица Делчево на Градскиот пазар и на повеќе локации во централното градско подрачје во Делчево одржаа повеќе средби со повозрасни граѓани, пензионери, со цел подигнување на свеста за препознавање и спречување телефонски измами. На граѓаните им беше укажано да бидат внимателни при повици од непознати лица кои бараат пари со лажно тврдење дека член на нивното семејство доживеал сообраќајна незгода или се наоѓа во болница. Исто така, им беше укажано да не даваат пари на непознати лица, да ги проверуваат добиените информации преку директен контакт со членовите на семејството и секој сомнителен повик да го пријават на 192 или 112.

Мени за пристапност