Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за врсничко и сајбер насилство, заштита од кражби, безбеден сообраќај, телефонски измами и зависности

Превентивни активности за врсничко и сајбер насилство, заштита од кражби, безбеден сообраќај, телефонски измами и зависности


На 13.11.2026 полициски службеници од Отсекот за превенција и Отсекот за компјутерски криминал при СВР Велес, за учениците ОСУ „Јовче Тесличков“ во Велес, реализираа едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават, при што, на учениците им ги појаснија и потенцираа начините и методите за  навремена превенција и справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите. 

На подрачје на Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино спроведоа превентивна активност за заштита од кражби, при што преку непосредна комуникација, граѓаните добија совети како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети. 

Полициски службеници од ОВР Кавадарци реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Вози одговорно“, со укажување на возачите за важноста од  задолжително почитување на сообраќајните правила и прописи. Целта на овие активности е да се влијае на зголемување на нивото на сообраќајната култура и свеста кај возачите, во насока на зголемување на безбедноста и намалување на бројот на сообраќајните незгоди.
Сообраќајни превентивни активности денеска беа реализирани и на подрачје на Велес и Чашка, со акцент на опасноста од управување на возила под дејство на алкохол. При тоа беше нагласена потребата за свесност кај возачите, да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.
Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.

На 12/13.11.2026, Одделението за превенција при СВР Скопје, на подрачјето на ПСОН Кисела Вода и ПСОН Бит Пазар, реализираше две едукативни работилници и една  трибина. 
Во ООУ „Хасан Приштина“ и ООУ „7ми Март“ – на подрачје на ПСОН Бит Пазар, со учесници од Клубот за превенција кои ги сочинуваат ученици од шесто до деветто одделение реализирани се две едукативни работилници на тема „Превенција од  меѓуврсничко насилство – Булинг и Сајбер булинг (насилство на социјалните мрежи)“.

Исто така со учениците од прва и втора година од СУГС „Васил А.Дрен“ на подрачје на ПСОН Кисела Вода реализирана е трибина на тема „СТОП за меѓуврсничко насилство и превенција од зависности“.
На присутните ученици им беа поделени и летоци на кои се испишани едукативни пораки – Стоп за булингот, никој не заслужува да се чувствува безвредно и небезбедно.

На 13.11.2026 на градскиот пазар во Штип, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип, заедно со полициски службеници од Полициска станица Штип, како и полициски службеници од Полициска станица Пробиштип одржаа неформални средби со повозрасни граѓани, предвидена со планот за проектни активности во областа на превенцијата за превенција од телефонски измами за сообраќајни незгоди. Целта на одржаните средби беше запознавање на пензионерите со безбедносните настани и случувања како постари лица се потенцијална мета на криминалците – измамници, како и давање упатства за постапување во случаи на наидување на такви настани и други кривични дела, забележувања на настани од безбедносен карактер и навремено информирање.

На 13.11.2026 полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Штип и Свети Николе реализираа едукативно предавање  во СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип и СОУ „Кочо Рацин“ во Свети Николе на учениците  од прва година на тема „Сообраќајните правила и прописи и одговорност на учениците“, со цел да  бидат запознаени со основните сообраќајни правила и прописи, значењето на одредени сообраќајни знаци, а воедно им беше укажано и како правилно да се однесуваат како учесници во сообраќајот.

На 13.11.2026 полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Кочани, Делчево и Берово во централно градско подрачје  реализираа едукативна кампања под мотото „Не користи мобилен додека управуваш со моторно возило“ и „Ако пиеш не вози, ако возиш не пиј“, во непосредна комуникација со граѓаните пред се со возачите. На возачите им беа поделени летоци со корисни совети. Целта е подигнување на јавната свет кај граѓаните за побезбеден сообраќај.

На 13.11.2026 полициски службеници од полициска станица Берово во просториите на ОСУ „Ацо Русковски“ Берово реализираа превентивно-едукативна активност наменета за учениците, со цел подигнување на свеста за штетните последици од различните видови зависности. Во рамките на активноста се опфатени теми поврзани со зависноста од алкохол, тутун, наркотични средства, коцкање, како и прекумерна употреба на интернет и мобилни телефони. Посебен акцент беше ставен на влијанието на зависностите врз здравјето, психофизичкиот развој, образованието и социјалниот живот на младите. 

Денеска 13.11.2026 во централно градско подрачје во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар реализираа едукативна кампања под мотото „Да се заштитиме од измами“. Граѓаните беа советувани за само заштита, од имотни деликти (разбојничка кражба, разбојништво, дрска кражба, џебни кражби, измами и други кривични дела), каде особено им беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата пред се преку точно и брзо пријавување на бесплатниот телефонски број 112, при што им беа поделени летоци со едукативна содржина.

Мени за пристапност