Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбедн сообраќај, телефонски измами, врсничко насислтво и кражби

Превентивни активности за безбедн сообраќај, телефонски измами, врсничко насислтво и кражби


На 12.11.2026 полициски службеници од полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Штип и Кочани на повеќе локации во централните градски подрачја  во Штип и Кочани спроведоа превентивна активност на тема „Ако пиеш не вози и ако возиш не пиј“ и „Одговорно пред пешачки премин“.
За време на спроведувањето на активностите на возачите учесници во сообраќајот и беше појаснета законската регулатива околу почитувањето на сообраќајните правила и прописи и дека санкциониран ќе биде секој возач кој конзумирал алкохол. Поделени беа летоци со едукативна содржина. 

На 12.11.2026 полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Свети Николе реализираа превентивна активност со возачи на моторни возила кои беа информирани за обврската за задолжително носење на зимска опрема од 15.11.2026 до 15.03.2027 во непосредна комуникација со возачите им беше укажувано за законската регулатива за употреба на зимска опрема во која спаѓаат: зимски гуми и ланци. Притоа особено беа истакнати начините за употреба на опремата во зависност од временските услови, а согласно нормативно пропишаните одредби во кои влегува и санкционирањето на непочитувањето на истите. Исто така на возачите им беше делен и едукативен печатен материјал, а се со цел подигнување на свеста за поседување на зимска опрема во возилото и одговорно учество во сообраќајот. 

На 12.11.2026 полициски службеници од полициски станици Пехчево, Македонска Каменица, Делчево и РЦ за ГР Исток реализираа превентивно-едукативна активност на тема „Правила за малите пешаци“. Активноста имаше за цел преку разговор, практични примери и едукативни содржини децата од предучилишна возраст да се запознаат со основните правила за безбедно учество во сообраќајот како пешаци. Во рамки на активноста, на децата им беше објаснето како правилно и безбедно да ја преминуваат улицата, значењето на пешачкиот премин и светлосната сигнализација на семафорот, како и важноста од почитување на сообраќајните знаци и правила. Како дел од превентивната активност на децата им беа доделени сообраќајни боенки, изработени од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП). Преку реализацијата на оваа превентивно-едукативна активност се придонесува кон развивање на сообраќајната култура кај најмладите и создавање на правилни и безбедни навики уште од најрана возраст.

На 12.11.2026 полициски службеници од полициска станица Пехчево остварија работна средба со пензионерите во Пехчево, се со цел подигнување на свеста кај граѓаните за препознавање и спречување на телефонски измами. Во рамки на активноста на пензионерите им беше укажано дека во последниот период се забележуваат случаи на телефонски измами при што непознати лица, најчесто преку телефонски повици од странски телефонски броеви, лажно се претставуваат и со изговор дека близок член на семејството доживеал сообраќајна незгода или се наоѓа во болница и му се потребни парични средства, се обидуваат да изнудат поголеми суми пари, особено од повозрасни лица.
При спроведувањето на превентивната кампања, на истите им беше посочено:
- Да не даваат пари на непознати лица кои телефонски им бараат финансиска помош.
- Да не веруваат на непроверени информации и телефонски повици во кои се бара итна исплата на парични средства.
- Секогаш да ја проверат веродостојноста на добиените информации преку директен контакт со членовите на семејството.
- Да не споделуваат лични податоци и банкарски информации со непознати лица.
- Секој сомнителен телефонски повик или обид за измама веднаш да го пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 и 112.
Воедно, беше упатен апел до пензионерите да ги информираат и предупредат своите роднини, соседи и особено повозрасните лица, кои најчесто се цел на ваков вид измами.

На 12.11.2026 полициски службеници од полициска станица Свети Николе, Кочани и Берово во централните градски подрачја одржаа неформални средби со повозрасни граѓани, со планот за проектни активности во областа на превенцијата за превенција од телефонски измами за сообраќајни незгоди. 


Вчера (11.11) полициски службеници од ОВР Македонски Брод реализираа превентивна активност под мото „Секој живот е важен". Превентивната активност беше реализирана во соработка со РСБСП, при што во централното градско подрачје на Македонски Брод и излезите од градот на возачите им беа споделени совети и препораки за безбеден сообраќај, а исто така поделен беше и едукативен материјал.

ОВР Ресен, исто така вчера реализираше превентивна активност во насока на побезбеден сообраќај со акцент на зимската сезона.

 

Вчера (11.11.2026) во Општинското текстилно училиште „Ѓоце Стојчески“ во Тетово, Отсекот за превенција при СВР Тетово продолжи со превентивно-едукативниот проект под мотото ,,Учам-Полагам-Возам" во која се предвидени предавања за учениците од трета година од средните училишта, со цел подобрување на безбедноста и подигнување на сообраќајната култура кај младите.
Сообраќајната едукација и градењето правилни навики уште од најрана возраст се основниот пат кон долгорочна безбедност на патиштата. Полициските анализи од терен укажуваат на загрижувачки тренд каде сè поголем број малолетници управуваат моторни возила, мотоцикли и трицикли без соодветна возачка дозвола и без заштитна опрема. Ваквото непочитување на сообраќајните правила често е директен причинител за сообраќајни незгоди со тешки последици, телесни повреди и загубени животи.
За време на предавањето, учениците беа детално запознаени со позначајните сообраќајни правила и прописи, законските обврски за носење заштитна опрема, но и со предвидените казнени одредби за прекршоците.
Главната цел на овие активности е градење взаемна доверба помеѓу полицијата и младите, подигнување на нивната свест, како и директно намалување на бројот на сообраќајни незгоди и последиците од нив на подрачјето на СВР Тетово.

 

Денеска Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово одржа работен состанок со сите автопревозници кои вршат јавен превоз на патници на градски, Општински и Меѓународни линии, а со цел да се потсети и укаже на автобуските превозници за почитување на законските рамки и безбедно одвивање на сообраќајот, исклучување на секој вид неправилности кои може да доведат до несакани последици по животот на патниците.


На 11./12.11.2026 Одделението за превенција при СВР Скопје, на подрачјето на ПСОН Центар, ПО Мирковци, ПСОН Бит Пазар, реализираше пет едукативни работилници и една трибина. 
Во ООУ„Кирил и Методиј“ и ООУ„Јашар Беј Шкупи“ со ученици од четврто одделение реализирани се четири едукативни работилници по план „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ со цел запознавање на сообраќајните правила и прописи и почитување на сообраќајната култура кај децата уште од најмала возраст.
Во ООУ „Александар Урдаревски“ – Општива Чучер Сандево, со ученици од Клубот за превенција кои ги сочиниваат ученици од шесто додеветто одделение реализирана е едукативна работилница на тема „Превенција од меѓуврсничко насилство – Булинг и Сајбер булинг (насилство на социјалните мрежи)“. 
Исто така со учениците од прва и втора година од ДСУ„Методија М.Брицо“ реализирана е трибина на тема „СТОП за меѓуврсничко насилство и превенција од зависности“. Присутните ученици преку интерактивна комуникација беа запознаени со облиците на сите видови на насилство, физичко, психичко, што претставува меѓуврсничкото насилство – булинг и сајбер булинг, облиците на агресивно однесување помеѓу младите како и за формите на асоцијални и девијантви појави – зависностите. На присутните ученици им беа поделени и летоци на кои се испишани едукативни пораки – Стоп за булингот, никој не заслужува да се чуствува безвредно и небезбедно. 


На 12.11.2026 полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Не заборавајте сите сме пешаци, бидете одговорни во сообраќајот“, во која главен акцент беше ставен на пешаците. Во рамки на активноста на пешаците им беше потенцирано дека улицата треба да ја преминуваат единствено на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони.
Полициски службеници од ОВР Неготино пак спроведоа превентивна активност на тема „Користи зимска опрема“, во пресрет на стапување на сила на законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата. Целта на активноста е да се влијае на подигнување на свеста кај возачите за обврската и потребата од употреба на зимска опрема, како важен предуслов за безбедно учество во сообраќајот. 

На подрачје на Кавадарци и Чашка денеска беа реализирани превентивни активности за заштита од имотни деликти на тема „Заштити го својот дом“. Во рамки на активноста преку непосредна комуникација, граѓаните добија совети како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети.

Мени за пристапност