На 06.11.2026 во централно градско подрачје во Берово, полициски службеници од полициска станица Берово реализираа едукативна кампања под мотото „Да се заштитиме од измами“. Граѓаните беа советувани за само заштита, од имотни деликти (разбојничка кражба, разбојништво, дрска кражба, џебни кражби, измами и други кривични дела), каде особено им беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата пред се преку точно и брзо пријавување на бесплатниот телефонски број 112, при што им беа поделени летоци со едукативна содржина.
На 06.11.2026 полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Кочани спроведоа превентивна активност на тема „Ако пиеш не вози“. Во рамки на активноста, од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни летоци, изработени од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со порака за одговорно управување на возилата. Основната цел е зголемување на сообраќајната култура, да не се конзумираат алкохолни пијалоци од страна на учесниците во сообраќајот, почитување на сообраќајните правила, прописи и сигнализација, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.
Вчера (05.11) полициски службенкци од ОВР Демир Хисар во просториите на Црвениот крст во Демир Хисар на волонтери им одржаа едукативно предавање за болести предизвикани од злоупотреба на дрога, алкохол, цигари и врсничко насилство. Полициски службеници од ОВР Ресен, исто така во текот на вчерашниот ден во централното градско подрачје на Ресен, реализираа превентивна активност во насока на поголема заштита од семејното насилство и родово базирано насилство. На 06.11.2026 полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, реализира сообраќајна превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“. Во непосредна комуникација на возачите им беше укажано за ризикот што го преземаат за сопствената, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот при користење мобилен телефон додека управуваат возила.
Полициски службеници од Полициско одделение Чашка денеска реализираа превентивна активност на тема „Кажи не на дрогата“, во рамки на која на граѓаните, а особено на младата популација им беше укажано за штетните последици од болестите на зависност, а беа информирани и за начините и методите кои што треба да се користат и применуваат во справувањето со овој вид на појави. Полициски службеници од ОВР Кавадарци, вчера за учениците од ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ во Кавадарци, одржаа едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават. Во рамки на предавањето учениците се запознаа со начините и методите за навремено превенирање и справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите.
На подрачје на Неготино пак, беше спроведена сообраќајна превентивна активност на тема „Алкохолот не ти е пријател“, во рамки на која полициските службеници им ја потенцираа на возачите потребата за свесност и одговорност, да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.
Вчера (05.11.2026) во Струга се одржа показна вежба за евакуација по сценарио за случен земјотрес и пожар. Вежбата е одржана по претходно утврдено и разработено сценарио за дејствување и евакуација по вакви елементарни непогоди. Целта е подигнување на нивото на подготвеност и координираност на службите за соодветно, навремено и ефикасно делување во случај на несреќи. Показната вежба се спроведе во согласно со планот за заштита и евакуација при несреќи и планот за работа на компанијата во вонредни околности, организирање мобилизациски собиралишта, во координација и со поддршка на СВР Охрид-отсек за превенција, ТППЕ Охрид, ДЗС, ЦУК, Здравствен дом Струга и Црвен крст Охрид. На 06.11.2026 Одделението за превенција при СВР Скопје, на подрачјето на ПСОН Центар и ПСОН Чаир, реализираше две едукативни работилници и една трибина. Во ООУ„ Панајот Гиновски“ со ученици од второ и четврто одделение реализирани се две едукативни работилници по план „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ со цел запознавање на сообраќајните правила и прописи и почитување на сообраќајната култура кај децата уште од најмала возраст. Исто така со учениците од прва година од СУГС „Раде Ј.Корчагин“ реализирана е трибина на тема „Стоп за меѓуврсничко насилство, насилство на спортски натпревари и превенција од зависности“.
Присутните ученици преку интерактивна комуникација беа запознаени со облиците на сите видови на насилство, физичко, психичко, што претставува меѓуврсничкото насилство – булинг и сајбер булинг, облиците на агресивно однесување помеѓу младите како и за формите на асоцијални и девијантви појави – зависностите, кои сериозно ја загрозуваат безбедноста на учениците со посебен акцент на начините на препознавање, избегнување, пријавување на истите како и на законските овластувања на полициските службеници и казнените одредби согласно позитивната законска регулатива прилагодена и соодветна за возраста на учениците. На присутните ученици им беа поделени и летоци на кои се испишани едукативни пораки – Стоп за булингот, никој не заслужува да се чуствува безвредно и небезбедно.