Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај, меѓуврсничко насилство и зависности

Превентивни активности за безбеден сообраќај, меѓуврсничко насилство и зависности

На 05.11.2026 во централните градски подрачја во Штип, Свети Николе и Виница полициски службеници од полициските станици за безбедност на патниот сообраќај  реализираа превентивна активност од областа на сообраќајот во рамки на кампањите „Вози одговорно стави појас“, „Управувај технички исправно возило“ и „Паркирај совесно, паркирај одговорно“ во непосредна комуникација со граѓаните, пред се со возачите, полициските службеници укажуваа на неопходноста од почитувањето на сообраќајните правила и прописи во поглед на користењето на сигурносен  појас и технички исправно возило и одговорно паркирање како еден од факторите за поголема општа сообраќајна безбедност на сите учесници во сообраќајот. За време на превентивната активност на возачите им се поделени  едукативни летоци.

На 05.11.2026 полициски службеници од ОВР Кавадарци реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Користи сигурносен појас“. Преку непосредна комуникација, на граѓаните им беше потенцирана обврската за задолжително користење на заштитен појас во возилата, но и за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи. При тоа, им беше укажано дека користењето на сигурносен појас е законска обврска како за возачите, така и за патниците во возилата, со цел зголемување на личната безбедност. 
Полициски службеници од Полициско одделение Чашка, реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“. Во непосредна комуникација на возачите им беше укажано за ризикот што го преземаат за сопствената, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот при користење мобилен телефон додека управуваат возила. Целта на активноста е да се влијае на подигнување на свеста на учесниците во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди.
Полициски службеници од ОВР Неготино денеска реализираа превентивна активност на тема „Кажи не на дрогата“, во рамки на која на граѓаните, а особено на младата популација им беше укажано за штетните последици од болестите на зависност, а беа информирани и за начините и методите кои што треба да се користат и применуваат во справувањето со овој вид на појави.
Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.


На тема „Безбедно дете во сообраќајот", се одржа превентивна активност на ОВР Македонски Брод во соработка со преставници од РСБСП, денеска (05.11.) во основното училиште „Климент Охридски" во Македонски Брод.

Денеска преставници од СВР Битола, одделението за полиција и полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола одржаа состанок со преставници од општина Битола за престојната зимска сезона.

ОВР Ресен, исто така денеска реализираше едукативно предавање на теми ,,Меѓуврсничко насилство''-Булинг и ,,Зависности'' во  основните чилишта во Ресен, „Димитар Влахов" во с.Љубојно, „Славејко Арсов" во с.Подмочани и ,,Браќа Миладиновци'' во с.Царев Двор.

Мени за пристапност