На 04.11.2026 полициски службеници од Полициска станица Свети Николе во централното градско подрачје во Свети Николе реализираа едукативни кампањи под мотото „Не биди нем сведок“ и „Има помош за живот без насилство“. На средбите граѓаните беа советувани за начинот на самозаштита и како да се препознае насилството. Исто така граѓаните беа информирани за појавите за семејно насилство, правата и мерките за заштита при постоење на семејно насилство и родово базирано насилство. Особено беше потенцирана неопходноста од соработка брзото пријавување на бројот 112.
На 04.11.0.2026 полициски службеници од полициска станица Штип одржаа едукативно предавање во ООУ „Страшо Пинџур“ во општина Карбинци на учениците од шесто и седмо одделение на тема „Меѓуврсничко насилство-Булин и Сајбербулинг“.
На 04.11.2026 во централно градско подрачје во Кочани полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Кочани реализираа превентивна активност од областа на сообраќајот во рамки на кампањата „Вози одговорно, стави појас“. За време на превентивната активност на возачите им се поделени едукативни летоци.
Отсекот за превенција при СВР Тетово, вчера (03.11.) во Основно училиште ,,Братство-Миѓени" и денеска (04.11.) во Основното училиште ,,Беса" во Тетово, одржа едукативни предавања ,,Правила на мали пешаци“, во кои се опфатени децата од прво одделение, на кои стручно обучени полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, им одржуваат предавање и им објаснуваа на децата како да се движат во сообраќајот, секако со напоменаа да внимаваат на сообраќајните знаци.
На 04.11.2026 полициски службеници од СВР Велес учествуваа на трибина наменета за ученици од основните и средни училишта во Велес, на која заедно со претставници од Центар за социјални работи Велес и здравствени работници одржаа едукативно предавање на повеќе теми, како дел од програмата на Советот за превенција на детско престапништво. При тоа, учениците се запознаа со начините за препознавање и спречување на врсничко насилство, како безбедно и одговорно да го користат интернет просторот, како да се заштитат и кои се последиците од болестите на зависност, но и како да бидат совесни и одговорни учесници во сообраќајот, поттикнувајќи го спортот и спортските активности во нивното секојдневие како здрав начин на живот и развивање на чувството на емпатија, одговорност и другарство.
Денеска полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа сообраќајна превентивна активност под мотото „Не заборавајте, сите сме пешаци, бидете одговорни во сообраќајот“, во која главен акцент беше ставен на пешаците. Тие, како активни учесници во сообраќајот, исто така имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Во рамки на активноста на пешаците им беше потенцирано дека улицата треба да ја преминуваат единствено на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони, да бидат внимателни, особено во вечерни часови кога се движат на неосветлени локации и низа други совети. На подрачје на Велес денеска беше реализирана и сообраќајна превентивна активност со цел укажување на возачите за ризикот што го преземаат доколку седнат зад волан под дејство на алкохол, потенцирајќи им дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.
Полициски службеници од ОВР Кавадарци денеска спроведоа сообраќајна превентивна активност на тема „Биди подготвен за безбедно патување во зима“, во рамки на која на возачите им беше укажано дека наскоро ќе стапи на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, а со цел подигнување на свеста кај возачите за потребата и обврската за употреба на зимска опрема како важен предуслов за безбедно учество во сообраќајот.
На подрачје на Неготино пак денеска беше реализирана сообраќајна превентивна активност на тема „Користи сигурносен појас“. Преку непосредна комуникација, на граѓаните им беше потенцирана обврската за задолжително користење на заштитен појас во возилата, но и за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи. При тоа, им беше укажано дека користењето на сигурносен појас е законска обврска како за возачите, така и за патниците во возилата, со цел зголемување на личната безбедност.
На подрачје на Чашка и околните села Лисиче, Горно Врановци, Дреново и Извор, вчера беше реализирана превентивна активност, во рамки на која граѓаните беа информирани за нивните права и мерки за заштита при постоење на некои од облиците на семејно насилство, при што им беше потенцирана важноста од навремено пријавување на сите облици на насилство.
На 04.11.2026 Одделението за превенција при СВР Скопје, на подрачјето на ПСОН Центар и ПСОН Чаир, реализираше три едукативни работилници и една трибина, од кои една со ученици од Клубот за превенција кои ги сочиниваат ученици од шесто до осмо одделение од ООУ „Киро Глигоров“ на тема „Превенција од меѓуврсничко насилство - Булинг“ и „Превенција од зависности“.
Во ООУ„ Панајот Гиновски“ со ученици од второ одделение реализирани се две едукативни работилници по план „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ со цел запознавање на сообраќајните правила и прописи и почитување на сообраќајната култура кај децата уште од најмала возраст.
Исто така со учениците од прва година од СУГС „Др.Панче Караѓозов “ реализирана е трибина на тема „СТОП за меѓуврсничко насилство, насилство на спортски натпревари и превенција од зависности“.
Присутните ученици преку интерактивна комуникација беа запознаени со облиците на сите видови на насилство, физичко, психичко, што претставува меѓуврсничкото насилство – булинг и сајбер булинг, облиците на агресивно однесување помеѓу младите како и за формите на асоцијални и девијантви појави – зависностите, кои сериозно ја загрозуваат безбедноста на учениците со посебен акцент на начините на препознавање, избегнување, пријавување на истите како и на законските овластувања на полициските службеници и казнените одредби согласно позитивната законска регулатива прилагодена и соодветна за возраста на учениците. На присутните ученици им беа поделени и летоци на кои се испишани едукативни пораки – Стоп за булингот, никој не заслужува да се чуствува безвредно и небезбедно.