Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Штип, СВР Скопје, РЦ Север и СВР Велес за безбеден сообраќај, меѓуврсничко насилство, зависности, заштита од кражби и безбеден интернет простор

Превентивни активности на СВР Штип, СВР Скопје, РЦ Север и СВР Велес за безбеден сообраќај, меѓуврсничко насилство, зависности, заштита од кражби и безбеден интернет простор

 

На 03.11.2026 полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Штип реализираа превентивна активност на тема „Паркирај совесно-Паркирај одговорно“, при што на возачите учесници во сообраќајот им беше укажано да се паркираат правилно и прописно и упатија апел до сите возачи да возат внимателно и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи делејќи им едукативни летоци за време на спроведувањето на превентивната активност. 

На 03.11.2026 полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Кочани реализираа едукативно предавање „Учам, полагам, возам“  во СОУ „Гошо Викентиев” во Кочани на учениците од трета и четврта година со цел запознавање со основните сообраќајни правила и прописи, значењето на одредени сообраќајни знаци, а воедно им беше укажано и како правилно да се однесуваат како учесници во сообраќајот.

На 03.11.2026 полициски службеници од ОВР Пробиштип во централното градско подрачје на Пробиштип, реализираа превентивни активности на теми „Управувај технички исправно возило“ и „Управувај безбедно со земјоделски машини“. Во рамки на првата активност, полициските службеници на возачите им поделија едукативни летоци, изработени од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со порака за одговорно управување на возилата и проверка на техничката исправност на возилата се со цел зачувување на безбедноста во сообраќајот, како и законските норми кои предвидуваат санкции за технички неисправно возило, а во рамки на втората превентивна активност  граѓаните беа потсетени дека тракторите, земјоделската машинерија и приколките мора да бидат регистрирани, технички исправни, соодветно означени со светла и пасивни рефлектирачки материјали (рефлектирачки материјали, ленти, катадиоптери и слично), и да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и ограничување на брзината. Исто така им укажаа и за санкциите што произлегуваат од непочитување на законските одредби, а на учесниците во сообраќајот им беа поделени и печатени едукативни материјали изработени од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Основна цел на превентивните активности е зголемување на сообраќајната култура во насока почитување на сообраќајните правила, прописи и сигнализација, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.


На 03.11.2026 Одделението за превенција при СВР Скопје, на подрачјето на ПСОН Чаир о.Бутел, ПСОН Кисела Вода и ПСОН Аеродром, реализираше три едукативни работилници и една трибина, од кои две со ученици од Клубот за превенција кои го сочиниваат ученици од седмо до деветто одделение од ООУ „Петар З.Пенко“ и ООУ „Панајот Гиновски“ о.Бутел, на тема „Превенција од меѓуврсничко насилство - Булинг“ и „Превенција од зависности“.
Исто така со учениците од прва година од СУГС „Владо Тасевски“ реализирана е трибина на тема „Стоп за меѓуврсничко насилство и насилство на спортски натпревари“. Присутните ученици преку интерактивна комуникација беа запознаени со облиците на сите видови на насилство, физичко,  психичко, што претставува меѓуврсничкото насилство – булинг и сајбер булинг, облиците на агресивно однесување помеѓу младите како и за формите на асоцијални и девијантви појави – зависностите, кои сериозно ја загрозуваат безбедноста на учениците со посебен акцент на начините на препознавање, избегнување, пријавување на истите како и на законските овластувања на полициските службеници и казнените одредби согласно позитивната законска регулатива прилагодена и соодветна за возраста на учениците.
На присутните ученици им беа поделени и летоци со едукативни пораки – Стоп за булингот, никој не заслужува да се чуствува безвредно и небезбедно. 

Преку меѓуинституционална соработка  со Прва детска амбасада Меѓаши  во ООУ „Невена Ѓ.Дуња“ на подрачје на ПСОН Кисела Вода беа реализирани се две едукативни работилници на тема „Безбеден интернет простор за деца и млади“ насочена кон унапредување на заштитата на децата и подигнување на свеста за безбедноста на интернет и превенција од онлајн ризици и механизмите за заштита на децата во дигиталната средина. 


На 03.11.2026 полициски службеници од ОВР Кавадарци за учениците од деветто одделение во ООУ „Димката Ангелов Габерот“ во Кавадарци, реализираа едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават. 
Полициски службеници од Полициско одделение Чашка, на подрачје на општина Чашка реализираа превентивна активност на тема „Заштити го својот дом“. Во рамки на активноста преку непосредна комуникација, граѓаните добија совети како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети. 
Полициски службеници од ОВР Неготино реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“. При тоа, на возачите им беше укажано за ризикот од користење на мобилен телефон за време на управување со возилата, но и за обврската за доследно почитување на сите останати законски правила и прописи, со цел безбедно и сигурно управување со возилата, водејќи грижа како за својата, така и за безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.

Денеска (03.11.2026) на Граничен премин Долно Блаце беше спроведена превентивна активност за безбеден сообраќај. Притоа, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Долно Блаце при РЦ за ГР Север на странските државјани кои влегуваа во државата им делеа летоци со едукативна содржина, односно со упатства да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, беа запознаени дека функционира системот „Безбеден град“.

Мени за пристапност