На 02.11.2026 полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Штип во централно градско подрачје во Штип реализираа едукативна кампања под мотото „Не користи мобилен додека возиш“ во непосредна комуникација со граѓаните пред се со возачите. На возачите учесници во сообраќајот им беа поделени летоци со корисни совети и им беше појаснета законската регулатива околу обврската која ја имаат како возачи –односно да не се користи мобилен додека управуваат патничкото возило. Целта е подигнување на јавната свет кај граѓаните за побезбеден сообраќај, додека пак полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Кочани реализираа едукативно предавање на тема „Учам, полагам, возам“ во СОУ „Гошо Викентиев“ во Кочани на учениците од трета и четврта година со цел запознавање со основните сообраќајни правила и прописи.
На 02.11.2026 полициски службеници од Полициско одделение Чашка, на подрачје на општина Чашка реализираа превентивна активност на тема „Заштити го својот дом“. Во рамки на активноста граѓаните добија совети како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети. Полициски службеници од ОВР Кавадарци пак, реализираа превентивна активност „Кажи не на дрогата“, со цел укажување за штетните последици од болестите на зависност како и начините и методите кои што треба да се користат и применуваат во справувањето со овој вид на појави. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.