На 30.10.2026 година, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, заедно со полициски службеници од Полициското одделение Чашка, на подрачјето на општина Чашка и околните села Лисиче, Горно Врановци, Дреново, Горно и Долно Јаболчиште, реализираа превентивна активност за заштита на шумите од бесправна сеча.
Во непосредна комуникација со граѓаните беше укажано на важноста од зачувување на шумскиот фонд, почитување на законските одредби и пријавување на бесправна сеча и други несовесни постапки. Посебен акцент беше ставен на законските санкции за бесправна сеча и предизвикување пожари, како и на потребата од континуирана соработка со надлежните институции за навремена и координирана реакција.
Целта на активноста е подигнување на јавната свест и поттикнување на одговорен однос кон природата и заедничката грижа за заштита на шумите.