Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за поголема безбедност на учениците и граѓаните

Превентивни активности за поголема безбедност на учениците и граѓаните


На 30.10.2026 година, во СОУ „Гоце Делчев“ во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово одржаа едукативно предавање на тема „Врсничко насилство“ за учениците од прва до четврта година. Преку презентација, учениците беа запознаени со различните форми на врсничко насилство, важноста на навременото пријавување и личната одговорност во создавањето безбедна училишна средина.

На 31.10.2026 година, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип, во содејство со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип, на повеќе локации во централното градско подрачје реализираа превентивни активности на темите „Ако пиеш, не вози“ и „Заштити се од џебни кражби“. Преку непосредна комуникација со граѓаните и возачите, беа упатени совети за одговорно учество во сообраќајот, некористење алкохол пред управување возило и заштита на личните и вредните предмети. На граѓаните им беа поделени и едукативни летоци со корисни совети.

Со ваквите активности, Министерството за внатрешни работи продолжува со превентивното делување и подигнувањето на свеста за личната одговорност, безбедноста и почитувањето на законите.

Мени за пристапност