Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај, заштита од пожари на отворено, заштита од кражби и измами и за спречување на семејно насилство

Превентивни активности за безбеден сообраќај, заштита од пожари на отворено, заштита од кражби и измами и за спречување на семејно насилство

Денеска (14.08.2026) во Неготино, Кавадарци, Штип и Кочани беа реализирани превентивни активности за безбеден сообраќај. Во Неготино спроведената активност беше на тема „Не заборавајте, сите сме пешаци“, во рамки на која на возачите им беше укажано да бидат одговорни во сообраќајот, особено да внимаваат пред обележан пешачки премин со цел да ги заштитат пешаците како најранлива категорија на учесници во сообраќајот.

 Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци, пак, реализираа активност на тема „Последици од управување технички неисправно возило“, потенцирајќи им ја на возачите обврската за редовно одржување и техничка исправност на возилата, како клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот. Додека, пак, активностите во Штип и Кочани беа на тема „Паркирај совесно, паркирај одговорно“. За време на активноста на возачите учесници во сообраќајот им беа поделени летоци со корисни совети и им беше појаснета законската регулатива околу обврската која ја имаат како возачи возилата да бидат ги паркираат на соодветни одбележани места за да не го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот.

Во Градско, Делчево и во општина Зелениково, полициските службеници спроведоа превентивни активности за заштита од пожари, во рамки на кои ги советуваа граѓаните да бидат внимателни, со цел избегнување на опасноста од предизвикување на пожари на отворен простор во текот на летниот период и доколку забележат пожар да пријават на телефонскиот број 112. Денеска, во Штип беше спроведена и превентивна активност на за заштита од кражби и измами. Во непосредни разговори на повозрасните лица-пензионери им беа поделени летоци со совети да внимаваат околу начините за препознавање на измами, како да се заштитат од кражби, а им беа појаснети и законските одредби, односно постапките што можат да се преземат за заштита од овие видови на имотни деликти. Во Делчево беше реализирана и активност на тема „Не биди нем сведок“ и „Има помош за живот без насилство“. На средбите со граѓаните им беа давани совети за самозаштита и достапни упатства за помош и начините како да се препознае насилството, како и насоки за тоа што можат да сторат доколку се најдат во таква ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство.

Особено беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата, пред се точно и брзо пријавување на бројот 112. Одделението за превенција при СВР Скопје на Меѓуградската автобуска станица во Скопје спроведе и превентивна активност под мотото „Секој може да биде жртва”. Основна цел беше зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. За време на активноста на граѓаните им беше укажано кога ги напуштаат своите возила да не оставаат вредни предмети на видно место за да не бидат цел на криминалците кои вршат тешки кражби од возила, како и да внимаваат на личните предмети кои ги носат со себе.

Мени за пристапност