На 19.11.2026 полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Штип спроведоа превентивна активност „Одговорно пред пешачки премин“ наменета за пешаците. На пешаците им беа делени летоци со едукативна содржина.
На 19.11.2026 полициски службеници од полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај Делчево реализираа превентивно едукативна кампања по повод Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, кој се одбележува секоја година во третата недела од месец Ноември, под мотото „Патиштата си имаат своја приказна - Кажи стоп за смртта на патиштата“, притоа се поделени едукативни летоци за едукација на учесниците во сообраќајот, а со цел превенција од девијантните сообраќајни појави кои би можеле да завршат со фатални последици.
На 19.11.2026 на повеќе места во централното градско подрачје во Свети Николе, полициски службеници од полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај Свети Николе реализираа едукативна кампања под мотото „Биди подготвен за безбедно патување во зима“, којa се реализираше со лична средба на граѓаните (возачите), на кои им беа поделени летоци со едукативна содржина, а им беше и укажано за важноста на поседување и носење задолжителна зимска опрема во возилата која е задолжителна од 15 ноември, со цел на зголемување на севкупната безбедност во сообраќајот.
На 19.11.2026 полициски службеници од полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај Пробиштип реализираа едукативно предавање „Учам, полагам, возам“ во СОУ „Н.Н.Борче“ во Пробиштип на учениците од трета и четврта година, со цел запознавање со сообраќајните правила и прописи, нивната одговорност, значењето на одредени сообраќајни знаци, а воедно им беше укажано и како правилно да се однесуваат како учесници во сообраќајот.
На 19.11.2026 полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип во Штип и полициски службеници од полициска станица Берово во Берово, остварија работна средба со пензионерите во Штип и Берово, се со цел подигнување на свеста кај граѓаните за препознавање и спречување на телефонски измами.
При спроведувањето на превентивната кампања, на истите им беше посочено:
- Да не даваат пари на непознати лица кои телефонски им бараат финансиска помош.
- Да не веруваат на непроверени информации и телефонски повици во кои се бара итна исплата на парични средства.
- Секогаш да ја проверат веродостојноста на добиените информации преку директен контакт со членовите на семејството.
- Да не споделуваат лични податоци и банкарски информации со непознати лица.
- Секој сомнителен телефонски повик или обид за измама веднаш да го пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 и 112.
На 19.11.2026 полициски службеници од Отсекот за превенција и Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип и припадници на Црвен Крст во Штип одржаа едукативно предавање во СОУ „Јане Сандански“ во Штип на учениците од прва и втора година на тема „Зависности“. На учениците преку презентација им беа појаснети ефектите од влијанието на зависностите како никотин, алкохол, дрога и игрите на среќа и законските регулативи во однос на сторени прекршоци по истите.
Полициските службеници од Регионален центар за гранични работи Исток, Полициско одделение за граничен надзор М.Каменица, на (18.11) на подрачјето Општина М.Каменица, во с.Саса и с.Моштица, реализираа превентивна активност посветена на превенција од „Незаконит лов“. Полициските службеници преку непосредни средби ги информираа ловците и жителите на наведените месни заедници, за последиците од неконтролиран лов на дивеч, носење на оружје без дозвола и други одредби од Законот за оружјето, Законот за ловство и Законот за гранична контрола, при што се запозанени и со телефонските броеви 192 и 112 .
Денеска, полициски службеници од отсекот за превенција при СВР Битола одржаа работилница на тема „Да ги заштитиме децата во сообраќајот", при што истата се одржа во детската градинка „Колибри" во Битола. За време на активноста беа споделени рекламни материјали со едукативна содржина.
На 18.11.2026 полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш одржаа едукативно предавање пред ученици од четврта година во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш, на тема „Учам - полагам - возам“. На присутните им беа презентирани условите кои треба да ги исполнат за да се стекнат со право за полагање возачки испит, постапката за добивање возачка дозвола, но и за нивните должности кои треба да ги почитуваат како учесници во сообраќајот, односно возачи, откако ќе го положат возачкиот испит.
Денеска (19.11.2026 год), во просториите на СОТУ „Ѓоце Стојчески“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, реализираа едукативно предавање на тема: „Има помош за живот без насилство – Препознавање, пријавување и превенција на семејно насилство“. Целта на оваа активност беше подигнување на свеста кај младите за препознавање на различните форми на семејно насилство, начините за негово пријавување, како и запознавање со улогата на институциите во заштитата на жртвите и превенцијата.
Преку мултимедијална презентација и интерактивна комуникација, учениците беа запознаени со сите клучни содржини како што се, поимот и формите на семејно насилство (физичко, психолошко, економско и сексуално) и неговите последици, начините за препознавање на насилството и можностите за негово пријавување до полицијата, Центарот за социјална работа и училишните служби, институционалната рамка и правната заштита во Република Северна Македонија, вклучително и одредбите од Кривичниот законик и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, значењето на Истанбулската конвенција како меѓународен стандард за спречување на насилството, заштита на жртвите и казнување на сторителите. На крајот од настанот, на присутните ученици им беа доделени едукативни летоци со порака „Има помош за живот без насилство“. Со реализацијата на овие превентивни активности продолжува посветеноста на СВР Тетово кон едукација на младите генерации, јакнење на превенцијата и градење на општество засновано врз меѓусебно почитување, безбедност и ненасилство.