На 17.11.2026 во централно градско подрачје во Штип полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Штип спроведоа превентивна активност на тема „Биди подготвен за безбедно патување во зима-користи зимска опрема“. За време на реализирање на активноста на возачите учесници во сообраќајот им е укажaно за важноста од одговорно учество во сообраќајот при патување, прилагодување на брзината според условите на патот, користењето на соодветни пневматици и поседувањето на синџири за снег. На граѓаните им беа поделени летоци со едукативна содржина, а им беше и укажано за важноста на поседување и носење задолжителна зимска опрема во возилата без разлика на временските услови, која е задолжителна од 15 ноември годинава до 15 март 2027 година.
На 17.11.2026 полициски службеници од ОВР Делчево и РЦ Исток во подрачните ООУ „Климент Охридски“ во с.Град и с.Тработивиште, спроведоа едукативно предавање на тема „Превенција и заштита од зависностите-никотин, алкохол и дрога“ и „Безбедно во сообраќајот“.
На учениците преку презентација им беше појаснето за штетните последици од зависностите, објаснувајќи им како да се заштитат и појаснувајќи ја законската регулатива која произлегува од нив. Исто така реализирана беше и презентација на тема безбедно во сообраќајот, безбедно од дома до училиште и обратно.
На 17.11.2026 полициски службеници од полициска станица Кочани во соработка со стручните служби и учениците од ОУ „Раде Кратовче“ спроведоа едукативна работилница на тема „Меѓуврсничко насилство и булинг“. На работилницата преку презентации и на интерактивен начин на учениците им беше презентирано дека секогаш на мирен начин треба да ги решаваат своите полесни проблеми ако имаат некој конфликт меѓу себе, да ги почитуваат правилата на однесување во училиштето и наставниците, да имаат емпатија кон другарчињата, отворено да разговараат со родителите или наставниците доколку се соочуваат со некој проблем и да пријават насилство без да имаат страв. Исто така им беа посочени и формите на меѓуврсничко насилство како вербално, физичко, социјално и дигитално, како и за препознавање на знаците кај жртвата.
На 16.11.2026 полициски службеници од Полициско одделение Чашка спроведоа сообраќајна превентивна активност на тема „Користи зимска опрема“. Целта на активноста е да им се укаже на возачите дека на сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата и да се влијае на подигнување на свеста за обврската и потребата од употреба на зимска опрема, како важен предуслов за безбедно учество во сообраќајот.
Полициски службеници од ОВР Неготино реализираа превентивна активност за заштита од џебни кражби и измами. На граѓаните им беше укажано за потребата од поголема внимателност и начините како да се заштитат од различни видови и форми на кражби, со цел да го зголемат нивото на лична и имотна сигурност. Активноста посебно беше насочена кон повозрасната популација, која е почеста мета на разни видови на имотни деликти, потенцирајќи им да внимаваат на своите лични предмети, да бидат посебно внимателни при комуникација со непознати лица и да не оставаат свои лични податоци за да не бидат мета на измами.
Полициски службеници од ОВР Кавадарци за учениците од ООУ „Страшо Пинџур“ во село Дреново, кавадаречко, спроведоа едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават, при што, полициските службеници им ги појаснија начините и методите за навремена превенција и справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите.
Исто така, вчера полициски службеници од ОВР Неготино, реализираа едукативно предавање за превенција од врсничко насилство за учениците од ООУ „Страшо Пинџур“ во Неготино.
Денеска (17.11.2026), во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, реализираа едукативно предавање на тема: „Има помош за живот без насилство – Препознавање, пријавување и превенција на семејно насилство“.
Целта на оваа активност беше подигнување на свеста кај младите за препознавање на различните форми на семејно насилство, начините за негово пријавување, како и запознавање со улогата на институциите во заштитата на жртвите и превенцијата. Преку мултимедијална презентација и интерактивна комуникација, учениците беа запознаени со сите клучни содржини како што се формите на семејно насилство (физичко, психолошко, економско и сексуално) и неговите последици, начините за препознавање на насилството и можностите за негово пријавување до полицијата, Центарот за социјална работа и училишните служби, институционалната рамка и правната заштита во Република Северна Македонија, вклучително и одредбите од Кривичниот законик и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, значењето на Истанбулската конвенција како меѓународен стандард за спречување на насилството, заштита на жртвите и казнување на сторителите. Предавањето се одвиваше во динамична и интерактивна атмосфера, при што учениците активно учествуваа во дискусијата и поставуваа прашања. На крајот од настанот, на присутните ученици им беа доделени едукативни летоци со порака „Има помош за живот без насилство“.
На ден 16.11.2026 во ООУ „Круме Кепески“ на подрачје на oпштина Кисела Вода, беше реализирана едукативна работилница со ученици од VII и VIII одделение,
на тема „зависности и насилство“. Во рамки на работилницата учениците беа запознаени и со значењето на поимот меѓуврсничкото насилство - Булингот, формите на врсничко насилство (физичко, психичко, сајбер - булинг и семејно насилство), начинот на препознавање, пријавување и барање на помош, како и законската регулатива.
На 16.11.2026 на подрачје на општина Карпош од страна на Одделението за превенција, реализирана е превентивна активност во СУГС „Здравко Цветковски“ со ученици од I и II година на тема „стоп за меѓуврсничкото насилство и насилство на спортски натпревари“, а присутните учениците беа запознати со темата и со значењето на поимот меѓуврсничкото насилство-Булингот, формите на врсничко насилство (физичко, психичко, сајбер-булинг и семејно насилство), насилство и недостојно однесување на спортски натпревари, начинот на препознавање, пријавување и барање на помош, како и запознавање со позитивната законската регулатива усогласена со возраста на учениците.
На 16.11.2026, Oдделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП реализираше сообраќајна превентивна едукативна кампања „користи зимска опрема“. Основна цел на кампањата беше зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила и прописи со посебен акцент на користење на зимска опрема при управување на моторно возило, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.
На граѓаните им беа делени едукативни материјали во форма на летоци.
На 17.11.2026 на подрачје на општина Карпош од страна на Одделението за превенција, реализирана е превентивна активност во СУГС „Лазар Танев“ со ученици од I и II година. На трибината се обработуваше темата „стоп за меѓуврсничкото насилство и насилство на спортски натпревари“, а присутните учениците беа запознати со темата и со значењето на поимот меѓуврсничкото насилство-булингот, формите на врсничко насилство (физичко, психичко, сајбер-булинг и семејно насилство), насилство и недостојно однесување на спортски натпревари, начинот на препознавање, пријавување и барање на помош, како и запознавање со позитивната законската регулатива усогласена со возраста на учениците.
На 17.11.2026, Oдделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП реализираше сообраќајна превентивна едукативна кампања наменета за возачите во рамките на кампањата „користи зимска опрема“ на подрачје на општина Гази Баба.