Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај, спречување насилство, зависности и бесправна сеча на дрва и справување со кризни ситуации

Превентивни активности за безбеден сообраќај, спречување насилство,  зависности и бесправна сеча на дрва и справување со кризни ситуации

Денеска (01.10.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и Отсекот за превенција при СВР Штип во Велес и Штип реализираа превентивни активности за спречување семејно насилство. Преку непосредна комуникација, граѓаните беа информирани за појавите на семејно насилство, како и мерките за заштита, при што беа споделени постапките и процедурите при појава на овој вид на случаи, како и достапноста на помош, заштита и привремен престој, со акцент на важноста од навремено пријавување на сите облици на насилство. 

Полициски службеници од Полициското одделение Чашка реализираа превентивна активност за заштита на шумите од  бесправна сеча, потенцирајќи им на граѓаните дека секое незаконско постапување ќе биде соодветно санкционирано, додека на подрачје на Неготино и Градско беа реализирани превентивни активности за заштита од кражби, во рамки на кои граѓаните беа информирани за начините за зголемување на нивото на нивната лична и имотна сигурност. 

Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци и СВР Штип, во Кавадарци, Делчево, Свети Николе и Кочани реализираа превентивни активности „Стави појас“ со цел да им се укаже како на возачите така и на патниците во возилата, за обврската и потребата од користење на сигурносен појас во возилата, со цел зголемување на безбедноста. Во ОУ „Братство-Миѓени”  во Тетово, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово им објаснуваа на децата како да се движат во сообраќајот, односно безбедно да стигнат од училиштето до дома и обратно. Во Берово пак, превентините активности беа насочени кон безбедното учество во сообраќај на возачите на електрични тротинети и велосипеди.


Во ООУ „Никола Карев“ во Крушево беше реализирана симулациска вежба за брза евакуација и однесување во кризни ситуации, односно симулација на земјотрес, во рамки на која полициски службеници во соработка со други институции ги презентираа мерките за заштита и спасување и начинот на постапување на службите на терен при евентуален земјотрес. Целта е учениците да се запознаат со начините и протоколите за однесување во кризни ситуации, односно организирано евакуирање во претпоставена ситуација. Во ОУ „Манчу Матак“ во Кривогаштани, пак, беше реализирано едукативно предавање за заштита од зависности.

 

Мени за пристапност