Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности во Прилеп и Демир Хисар на тема зависности и врсничко насилство и спречување на имотни деликти

Превентивни активности во Прилеп и Демир Хисар на тема зависности и врсничко насилство и спречување на имотни деликти

На 27.11.2026 во средното општинско училиште „Орде Чопела" во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп одржаа  едукативна работилница со родители и ученици на тема зависности и врсничко насилство. Притоа, учениците беа запознаени со начините и методите за навремена превенција и справување со формите на насилничко однесување, облиците на манифестирање на овие девијантни појави кај младите и последиците што може да настанат. 
Исто така, вчера(27.11.2026), полициски службеници од ОВР Демир Хисар во централното подрачје на Демир Хисар и Градскиот пазар реализираа средби со месното население на тема заштита од кражби, разбојништва и измами.  Притоа, особено им беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата, пред се, преку точно и брзо пријавување на бесплатниот телефонскиот број 112.

Мени за пристапност