Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности против пожари во Крушево

Превентивни активности против пожари во Крушево

Денеска (07.07.) на повеќе локации во и околу Крушево и крушевско, од страна на полициски службеници од ОВР Крушево беше реализирана едукативната превентивна активност на тема: „Да ги заштитиме нашите шуми од шумски пожари“. 

 

На граѓаните и посетителите на овие инаку туристичко-рекреативни локалитети, преку делење на едукативни летоци изработени од ЈП „Национални шуми“, во непосредна комуникација им беше укажувано дека во летниот период, со зголемените температури, расте и опасноста од предизвикување на пожари од невнимание и затоа е забрането фрлање и палење ѓубре, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и слично. 

 

Особено беше нагласено дека доколку се забележи пожар, неопходно е истиот навремено да се пријави во надлежните институции, со цел тие благовремено да интервенираат и да се спречат поголеми штети. 

 

Граѓаните беа запознаени и со фактот дека од 1 јули до 31 август е на сила целосната забрана за движење во шуми, освен со дозвола од ЈП „Национални шуми“. Инаку, полициските службеници од ОВР Крушево кон излезите од градот реализираа превентивна активност за побезбеден сообраќај под мото „Не користи мобилен кога возиш“.

Мени за пристапност