Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Велес за заштита од пожари и бесправна сеча

Превентивни активности на СВР Велес за заштита од пожари и бесправна сеча

Денеска (27.05.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и Полициското одделение Чашка, на подрачјето на општина Чашка и околните села Сливник, Лисиче и Мелница,  реализираа едукативни активности под  мотото „Да ги заштитиме нашите шуми од шумски пожари и бесправни сечи“.
На граѓаните им беше потенцирано дека потребна е континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување како фрлање и палење ѓубре, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и сл. со цел брза и навремена реакција. Во пресрет на летниот период и зголемените температури, расте и опасноста од предизвикување на пожари од невнимание. Затоа, беше посочена потребата од заштита и намалување на ризикот од настанување на шумски пожари и пожари на отворен простор, како и внимателно извршување земјоделски работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева  и смет на ниви.
Целта на овие активности е да се зголеми безбедносната култура, но и да се зајакне довербата и соработката меѓу полицијата и граѓаните.
Во рамки на превентивната активност  на граѓаните им беше посочено дека е законски казниво палењето на нивните обработливи површини, а при тоа беа поделени печатени материјали со информативна содржина за подигнување на свеста за превенција од пожари, изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“ и Шумска полиција.   

Мени за пристапност