Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Велес и СВР Штип за безбеден сообраќај и подигнување на свеста од штетните последици од користење на пиротехнички средства

Превентивни активности на СВР Велес и СВР Штип за безбеден сообраќај и подигнување на свеста од штетните последици од користење на пиротехнички средства

Денеска (30.12.2025), полициски службеници од Отсекот за превенција и од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, на неколку локации во Велес реализираа сообраќајна превентивна активност под мотото „Вози одговорно, патувај безбедно“.На возачите им беше укажано за обврската за почитување на законските правила и прописи, да не управуваат возило под дејство на алкохол, да ја почитуваат брзината на движење, а за време на празниците доколку немаат потреба да не ги користат возилата. Во рамки на активноста беше поделен печатен едукативен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје.
Превентивни активности на тема за безбедност во сообраќајот беа реализирани и во Берово и Пехчево. Во текот на активноста беше укажано на најчестите причини за настанување на сообраќајни незгоди, како што се непочитување на сообраќајните правила и прописи, неприлагодена брзина, управување возило под дејство на алкохол и други психоактивни супстанци, како и користење мобилен телефон при возење. Дополнително, беше потенцирана обврската за користење сигурносен појас, заштитна кацига и почитување на пешачките премини. 
Додека, исто така, денеска во Централното градско подрачје во општина Пробиштип е спроведена превентивна активност со цел подигнување на свеста од штетните последици од користење на оружје и пиротехнички средства. Во рамки на активноста, на граѓаните, особено на младата популација, им беа поделени едукативни летоци, а им беа презентирани опасностите и ризиците од употреба на пиротехнички средства,  последиците кои може да настанат, како и законската регулатива.

Мени за пристапност