Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Тетово за побезбеден сообраќај

Превентивни активности на СВР Тетово за побезбеден сообраќај

Отсекот за превенција при СВР Тетово продолжува со практично имплементирање на превентивно едукативниот проект „Чекор по чекор", наменет за децата од предучилишна возраст. Вчера (27.05) во градинките во с.Шипковица и с. Нераште и денеска (28.05.2025) во градинката „Тетекс" во Тетово, стручно обучени полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Тетово на децата од предучилишна возраст им одржаа едукативни предавања, чија што цел беше да им се објасни на децата како да се движат во сообраќајот, за важноста и значението на сообраќајните знаци, за улогата на полицаецот и слично. СВР Тетово и во наредниот период ќе продолжи со проектот кој е предвиден да се реализира во сите градинки од тетовско- гостиварското подрачје. 

Мени за пристапност