На 22.11.2026, на подрачјето на СВР Тетово беше реализирана превентивна кампања под мотото „Незаконско сечење на дрва е криминал“, насочена кон подигнување на јавната свест за заштита на шумите и спречување на бесправно сечење и пожари.
Активностите се спроведоа на подрачјето на Општина Теарце. На подрачје пак на општина Врапчиште, од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, во содејство со полициски службеници од ПО Галате, на граѓаните им беа поделени едукативни летоци.