Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Тетово и ПС Делчево за заштита од пожари и нелегална сеча и транспорт на дрва

Превентивни активности на СВР Тетово и ПС Делчево за заштита од пожари и нелегална сеча и транспорт на дрва

 

Денеска (23.08.2026), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово во содејство со полициски службеници од Полициското одделение Теарце и претставници од ЈП ,,Национални шуми" на неколку локации на подрачјето на Полициското одделение Теарце спроведоа превентивна активност под мотото ,,Пламените јазици се незапирливи“. За време на активноста на  граѓаните им беше укажано на потребата од зголемено внимание за заштита на шумите од пожари. Исто така, на возачите им беше препорачано да внимаваат кога се движат низ патишта кои поминуваат покрај шумите да не фрлаат догорчиња од цигари или стаклени предмети затоа  што на тој начин ја загадуваат природата. Воедно, населението беше запознаено и за законските импликации доколку се загрозува природата со несовесно однесување кое може да придонесе за предизвикување на општа опасност или пак предизвикување пожар. За време на активноста беа делени и летоци со информативно-едукативни содржини.
Полициската станица Делчево, исто така, денеска реализираше превентивна активност. Активниста беше спроведена во содејство со Регионалниот центар за гранични работи Исток и Шумска полиција на повеќе локации с.Бигла, с.Драмче, с.Илиово и на планината Голак  за превенција и заштита од пожари и незаконска сеча и транспорт на дрва.

Мени за пристапност