Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Струмица за побезбеден сообраќај и заштита од пожари

Превентивни активности на СВР Струмица за побезбеден сообраќај и заштита од пожари

Вчера (15.07.) во село Банско, струмичко, полициски службеници од Отсекот за превенција, како и од Полициската станица Струмица и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Струмица реализираа превентивни активности на темите „Заштита од пожари“ и „Вози одговорно“.


Полициските службеници ги потсетија возачите за нивните законски обврски за доследно почитување на сообраќајните правила и прописи, а воедно на возачите, но и останатите жители затекнати во населеното место им укажуваа  совесно и одговорно да се однесуваат во природа, со цел максимално да придонесат да се спречат пожари, но и навремено да пријавуваат доколку се забележи пожар на одреден простор. Беа поделени и летоци обезбедени од РСБСП и ЈП „Национални шуми“. Воедно, полициските службеници ги потсетуваа сите граѓани и за целосната забрана за движење во шуми која стапи на сила на 01.07.2025 година и ќе трае до 31.08.2025 година.


СВР Струмица апелира до граѓаните доследно да ја почитуваат забраната, а доколку граѓаните имаат потреба од движење во шуми за истото да поседуваат важечко одобрение, информирајќи ги дека во следниот период во координација со Шумска полиција ќе се вршат засилени контроли, со цел утврдување дали ваквата забрана се почитува.

Мени за пристапност