Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Струмица за безбеден сообраќај и заштита од пожари

Превентивни активности на СВР Струмица за безбеден сообраќај и заштита од пожари

Вчера (16.07.) во населените места Миравци, Давидово и Мукетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија во координација со претставници од ЦУК, од ТППЕ Гевгелија, од општинскиот инспекторат за комунални работи, како и претставници на ЈП „Национални шуми“ - шумско стопанство Гевгелија, реализираа превентивна активност за заштита од пожари. 

 

Целта на активноста беше, преку директни разговори, на жителите на овие населени места да им се укаже за потребата од максимална совесност и грижа за шумите, за начините за превенција и заштита на шумскиот фонд, како и за потребата од навремено пријавување доколку забележат пожар на отворен простор. 

 

Вчера и полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и од Полициската станица Струмица во село Банско, струмичко, како и во Струмица реализираа превентивна активност од областа на безбедноста на сообраќајот - „Вози одговорно“, а чијашто цел е  зголемување на сообраќајно-безбедносната култура кај возачите. Во рамки на активноста беше поделен и едукативен печатен материјал, обезбеден од страна на РСБСП.

Мени за пристапност