Во рамки на летната кампања на МВР и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“, припадници на Мобилната единица за безбедност на патиштата на 15.07.2025 година на наплатна станица Сопот одржаа превентивно-едукативна активност за подигнување на свеста кај возачите за значењето на заморот при управување со возило во летниот период.
На возачите им беа делени и едукативни летоци со информативни содржини изработени во соработка со РСБСП.