Денеска (28.06.2026) во туристичкиот центар Кањон Матка и с.Горна Матка, полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје реализираа превентивни активности за спречување на пожари.
Полициските службеници во разговор со граѓаните укажуваа на потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд. Исто така, на граѓаните им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, што соодветно законски се санкционира. Доколку пак забележат пожар, тоа веднаш да го пријават на телефонскиот број 112. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“.