Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Охрид за безбеден сообраќај и заштита од кражби

Превентивни активности на СВР Охрид за безбеден сообраќај и заштита од кражби

Во насока на подобрување на јавната безбедност и подигнување на свеста и совеста кај возачите за користење на обележани паркинг простори, како и во насока на намалување на кражби на плажи, Отсекот за превенција при СВР Охрид, ги спроведува превентивно-едукативните кампањи „Паркирај совесно“ и „Заштити се од кражби на плажа“.

 

Притоа, полициските службеници преку директни контакти со граѓаните им ја посочуваат неопходноста од исклучиво користење означени паркинг места и непаркирање на улици и тротоари како важен предуслов за зголемена сообраќајна безбедност. Исто така, се нагласува потребата од значителна поголема грижа за паричниците и другите вредни предмети, особено кога граѓаните се на плажите, а на сите граѓани им беа поделени летоци со низа практични совети.

Мени за пристапност