Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Куманово за заштита од пожари и безбеден сообраќај

Превентивни активности на СВР Куманово за заштита од пожари и безбеден сообраќај

Полициски службеници од СВР Куманово вчера (08.07.), во рамки на континуираните превентивни активности, реализираа едукативна кампања од областа на безбедноста во сообраќајот. Притоа, на подрачјето на Полициската станица Крива Паланка, потоа на наплатната рампа Романовце, како и на локации на магистралниот пат кој води кон граничниот премин Деве Баир, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово  заедно со  полициски службеници од ПС Крива Паланка под мотото – „Вози одморен“, во непосредна комуникација со учесниците во сообраќајот укажуваа на важноста од внимателно и совесно возење.


На возачите особено им беше нагласено дека, со оглед на високите температури, треба да прават чести паузи и секако - да користат течности, да се внимава на брзина на патот, а се со цел да се намалат ризиците за настанување сообраќајни незгоди, односно елеминирање на несаканите последици.


И во оваа прилика полициските службеници дополнително укажаа и апелираа на одговорност и во поглед на фрлањето цигари и отпушоци или други запаливи предмети покрај патиштата, што може да предизвикаат пожари со големи размери.


На возачите им беа делени и информативни летоци со совети за безбедно возење и заштита на шумите, изработени во соработка со РСБСП и со ЈП„Национални шуми“.

Мени за пристапност