Денеска (04.07.2025) во Куманово, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово спроведоа превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожари. Возачите беа потсетени на опасностите што ги носи заморот и сериозните последици што може да настанат доколку заморни управуваме моторно возило. Со оваа активност уште еднаш беше потенцирана потребата за подигнување на сообраќајната култура на учесниците во сообраќајот, преку почитување на сите сообраќајни прописи, а со цел да ги заштитат својата, безбедноста на нивните семејства и другите учесници во сообраќајот. Исто така, во рамки на кампањата за спречување на пожари, на граѓаните им беше укажано за опасноста од несовесно фрлање и палење ѓубре, палење меѓи од ниви, стрништа со сува трева, фрлање отпушоци и друг вид запаливи материјали на отворен простор и во близина на шумски појаси, а беа информирани и за забраната за движење во шумски предели, за да се намали ризикот од појава на пожари на отворен простор. Во рамки на активноста беше поделен и печатен материјал.