Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Куманово и РЦГР Север за побезбеден сообраќај и заштита од пожари и бесправна сеча

Превентивни активности на СВР Куманово и РЦГР Север за побезбеден сообраќај и заштита од пожари и бесправна сеча

Во текот на вчерашниот ден (01.05.) полициски службеници од СВР Куманово заедно со полициски службеници од РЦГР Север реализираа превентивни активности од областа на безбедноста во сообраќајот, како и од областа на заштита од пожари и бесправна сеча.
Притоа, на граѓаните кои остваруваа влез на граничниот премин Белановце, како и на месното население од околните населени места, полициските службеници им ја потенцирана важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, со укажувања за последиците и штетите од непочитување на прописите.
Воедно, во рамки на превенцијата од пожари, на граѓаните им беше укажано за низа превентивни мерки како дел од одговорно и совесно однесување, а со цел заштита на природата, материјалните добра и луѓето од пожари. Исто така, беше нагласена и штетноста од бесправната сеча на шуми, и од аспект на уништување на шумскиот фонд и од аспект на можностите за предизвикување пожари. Од страна на полициските службеници беа делени и едукативни летоци со информативни содржини, изработени во соработка со РСБСП и со Јавното претпријатие „Национални шуми“.

Мени за пристапност