Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивна активност на ПС Берово и ПСГН Пехчево за заштита на шумите од пожари

Превентивна активност на ПС Берово и ПСГН Пехчево за заштита на шумите од пожари

Денеска (01.05.) полициски службеници од ПС Берово и ПСГН Пехчево, во соработка со претставници од ЈП „Национални шуми“ и од ТППЕ Берово, на подрачјето на туристичко-рекреативните места „Епрев дол“, „Абланица“ и „Беровско езеро“, спроведоа превентивна активност на тема: „Заштита на шумите од пожари“,

Во непосредните разговори со посетителите на овие излетнички места полициските службеници укажуваа на важноста од зачувување на шумскиот фонд, за внимателното и одговорно однесување, особено во поглед на заштитата од појава на шумски пожари. Во рамките на активноста, покрај укажувањата и апелите, а во контекст и на традиционалните „Првомајски пикници“, на посетителите им беа делени и печатени едукативни материјали, изработени во соработка со ЈП„Национални шуми“, со корисни информативни содржини за превенција од шумски пожари.

Мени за пристапност