Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Битола и активности за унапредување на тимскиот дух во РЦ за ГР Север

Превентивни активности на СВР Битола и активности за унапредување на тимскиот дух во РЦ за ГР Север

 

На 06.11.2026 година, полициски службеници од ОВР Ресен реализираа едукативни предавања во основното училиште „Гоце Делчев“ и средното општинско училиште „Цар Самоил“ во Ресен, на темите „Меѓуврсничко насилство – булинг“ и „Превенција и заштита од зависности“. Целта на предавањата беше подигнување на свеста кај учениците за препознавање и спречување на врсничкото насилство, како и за ризиците од употреба на зависни супстанции.

Исто така, СВР Битола реализираше едукативна работилница во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во село Логоварди, општина Новаци, на тема „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, со цел зголемување на знаењата и свеста на најмладите за безбедно учество во сообраќајот.

Во рамки на активностите на полициските службеници, согласно Програмата за работа, Регионалниот центар за гранични работи Север успешно го реализираше и есенскиот марш на Кањон Матка. Во него учествуваа полициски службеници од РЦ за ГР Север и униформирани полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Блаце.

Маршот беше можност за рекреација, поттикнување здрави животни навики, зајакнување на меѓусебната доверба и соработка, како и унапредување на тимскиот дух и колегијалноста меѓу вработените.

Министерството за внатрешни работи продолжува со реализација на едукативни и превентивни активности, како и активности за унапредување на соработката и заедништвото меѓу полициските службеници.

Мени за пристапност