Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на РЦГР Север за побезбеден сообраќај

Превентивни активности на РЦГР Север за побезбеден сообраќај

Вчера (24.05.) на граничните премини „Јажинце“ и „Долно Блаце“ полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север, заедно со полициски службеници од Полициските станици за ГП Јажинце и Долно Блаце, и во соработка со колеги од граничната полиција на Р.Косово спроведоа превентивна активност од областа на безбедноста во сообраќајот – „Не пиј кога возиш“.

 Во рамки на активноста што имаше за цел подигање на свеста и одговорноста кај учесниците во сообраќајот, во насока на зголемена внимателност за време на управување со моторно возило, возачите беа советувани да не конзумираат алкохол кога возат, за да не си го загрозат сопствениот и животот на другите учесници во сообраќајот.

Токму возењето под дејство на алкохол е една од причините за предизвикување на тешки сообраќајни несреќи. Исто така, од страна на полициски службеници беше реализирана и превентивна активност под мотото „Вози одговорно, стави појас“, со посебен нагласок на фактот дека некористењето на сигурносниот појас е една од причините за голем број загинати и тешко повредени лица во сообраќајни несреќи. Во рамките на овие активности беа делени наменски едукативни летоци со информативни содржини, изработени во соработка со РСБСП.

Мени за пристапност