Денеска (26.05.) полициски службеници од Отсекот за превенција и од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, на неколку локации во Велес, реализираа превентивна активност под мотото „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“.
Целта на активноста е да се подигне свеста на граѓаните за заштита од имотни деликти, особено од тешки кражби од моторни возила и да се зголеми безбедносната култура кај населението.
На граѓаните преку директни средби и разговори им беше укажано возилата да ги оставаат на безбедни места како паркинг простори и осветлени локации и да не оставаат вредни предмети како ташни, телефони, паричници и сл. во возилата, кои секогаш треба да ги заклучуваат.
Воедно, им беше посочено дека секој сомнителен случај, неопходно е да го пријават во полициска станица. Во рамки на активноста беше поделен печатен едукативен материјал.