Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивна активност на ПС Кичево за заштита од пожари

Превентивна активност на ПС Кичево за заштита од пожари

Со цел подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари, вчера (24.05.), полициски службеници од Полициската станица Кичево, реализираа превентивни активности со месното население на подрачјето на кичевските села Лисичани и Челопеци.

Притоа, на жителите од овие места им беа поделени летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“ и низ кратки разговори, беа потсетувани на општите мерки за заштита од пожар, на посебните превентивни мерки и препораки за заштита на шумите од пожари, со посебен акцент на потребата од почитување на мерките за безбедност при движење и престој во шуми и на површини со вегетација на отворен простор.

Особено беше нагласена потребата од итно известување за евентуално настанат пожар, што ќе значи брза реакција на надлежните служби за негово локализирање и гаснење.

Мени за пристапност