Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности активности на подрачјата на СВР Велес, СВР Штип и во Скопје за безбеден сообраќај и превенција од цигарите, алкохолот и дрогата

Превентивни активности активности на подрачјата на СВР Велес, СВР Штип и во Скопје за безбеден сообраќај и превенција од цигарите, алкохолот и дрогата

На 02.03.2026, полициски службеници од ОВР Неготино заедно со претставници на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Неготино релаизираа превентивна активност на тема „Безбедно возење трактор“. Во рамки на активноста на граѓаните кои управуваат земјоделски машини и трактори им беше укажано да бидат внимателни и да ги почитуваат законските правила и прописи, особено во делот на редовното одржување и техничката исправност се со цел да ја зголемат како личната така и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Во рамки на превентивната активност беа поделени печатени едукативни материјали. 

На 03.03.2026 на регионален пат во село Бучиште, пробиштипско, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Пробиштип реализираа превентивни активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот. Во Кочани, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај спроведоа превентивна активност на тема „Ако пиеш не вози“ и „Ако возиш не пиј“. Притоа, на возачите им беа делени летоци со едукативна содржина со препораки за почитување на сообраќајните правила и прописи, за користење на зимска опрема, да не се користи мобилен телефон додека се управува возило, за задолжителното прилагодување на брзината спрема условите на патот. Беше укажано и дека ќе санкциониран секој возач кој управува возило под дејство на алкохол над границата на дозволеното. Додека, пак во основното училиште „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово е одржано едукативно предавање на тема „Превенција од цигарите, алкохолот и дрогата“ со ученици од деветто одделение. 

На 03.03.2026 во основното училиште „Рајко Жинзифов“  на подрачјето на општина Кисела Вода во Скопје, Одделението за превенција при СВР Скопје организираше едукативно - превентивна активност „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“. Притоа, на интерактивен начин на учениците од второ одделение им беа презентирани и објаснети информации за основите на сообраќајната култура, сообраќајните правила, прописи и знаци, со посебен акцент на оние кои директно влијаат врз безбедноста на децата кои се учесници во сообраќајот  како пешаци.

Мени за пристапност