Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни акивности на СВР Куманово

Превентивни акивности на СВР Куманово

Денеска (07.07.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово одржа работен состанок со градоначалникот  на општина Липково, како и со претседателите на месните заедници на селата Матејче, Липково, Отља, Лојане, Ваксинце, и претставници на ИВЗ од сите села кои гравитираат на подрачјето на општина Липково.

 

На состанокот на кој присуствуваа и претставници на ТППЕ од Куманово,  на ДЗС Куманово и од ЈП „Национални шуми“ беше нагласена потребата и важноста од интензивирање на заеднички превентивни мерки на терен, пред се на средби со граѓаните од месните заедници, и фокусирање на информирањето за зголемените ризици од пожари поради високите темератури, пред се заради неодговорното палење на стрништа, диви депонии, сува трева и друг отпаден материјал.

 

Во рамки на конкретните заклучоци беше нагласено инсистирањето на одговорност будност и внимателност меѓу месното население и посетителите. Воедно на подрачјето на Липково, е разговарано и со месното население и беше укажано на законските санкции при пукање со огнено оружје или користење петарди, ракети и други распрскувачки материјали на свадби, веридби, родендени, сунети, кои се прават овој период кога наши исленици од европските земји доаѓаат на годишен одмор. Поделен беше и едукативен печатен материјал со превентивни совети за заштита и спречување на овие појави.

Мени за пристапност