Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивна активност на СВР Велес за заштита од кражби и измами

Превентивна активност на СВР Велес за заштита од кражби и измами

Денеска (20.05.) полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес на повеќе локации во Велес спроведоа  превентивна активност во рамките на кампањата на Министерството, насловена  „Градиме пријателство-создаваме безбедност“, со посебен акцент на превенцијата од џебни кражби и од измами врз постари лица.
Оваa превентивна активност се реализираше преку непосредни средби со граѓаните  и во текот на низата средби и разговори со граѓаните, особено на оние од повозрасните категории, од страна на полициски службеници им беше посочено да бидат внимателни при разговори со непознати лица кои им нудат разни услуги. При тоа им беше укажано што да превземат со цел да се заштитат од сторителите на вакви кривични дела и секој сомнителен случај да го пријават во полиција.

Мени за пристапност