Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Едукативна работилница на ОВР Пробиштип за безбеден сообраќај

Едукативна работилница на ОВР Пробиштип за безбеден сообраќај

Денеска (21.05.) од страна на полициски службеници од ОВР Пробиштип, во просториите на Основното општинско училиште „Браќа Миладиновци“ во Пробиштип беше организирана едукативна работилница од областа на безбедноста во сообраќајот. 

Притоа, во рамки на работилницата тематски насловена како „Основни сообраќајни правила и прописи”, полициските службеници преку видео презентација ги појаснија важноста и значењето на сообраќајните правила и прописи за нормално одвивање на сообраќајот, со посебен осврт на оние правила и прописи кои што ги тангираат децата како учесници во сообраќајот, најчесто како пешаци или како велосипедисти и возачи на електрични мопеди и тротинети. Целта на активноста беше насочена кон градењето на сообраќајна култура кај децата, а примарно во интерес на нивната безбедност.  

Мени за пристапност