Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивна активност на СВР Тетово

Превентивна активност на СВР Тетово

Вчера (10.07.) а врз основа на изготвена годишна програма, во врска со незаконската употреба на огнено оружје и пиротехнички средства при организирање на семејни веселби и прослави, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово остварија средба со сопственици и менаџери на угостителски објекти на подрачјето на општината Тетово.


Притоа, на средбата од страна на полициските службеници беше укажано за важноста од почитување на законските прописи, односно пред се обврските што ги имаат угостителите при организирање на веселби и прослави по однос на јавниот ред и мир, како и околу законските импликации при нарушување на јавниот ред и мир со недозволена употреба на огнено оружје и пиротехнички средства.

Мени за пристапност