Вчера (18.07.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и полициската станица Струмица реализираа превентивни активнности на подрачје на општина Струмица на темите „Заштита од пожари“ и „Безбеден сообраќај“.
Во село Куклиш, струмичко, полициските службеици во разговор со жителите и со делење на летоци обезбедени од ЈП „Национални шуми“ им укажуваа на граѓаните за потребата од совесно однесување во природа, посебно при изведување на земјоделски работи и за тоа каде и како да пријават доколку забележат пожар на отворен простор. Воедно граѓаните беа информирани и за забраната за движење во шумски предели.
На локалниот пат, пак, кон село Раборци, струмичко, полициските службеници при контрола на возачите укажуваа за законските обврски за почитување на сообраќајните правила и прописи, се со цел зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот. Дополнително на учесниците во сообраќајот им беше укажано дека секое несовесно однесување во природа, фрлање догорчиња од цигари или стаклени предмети преку прозори од возилата, може да предизвика пожар со тешки последици по шумскиот фонд.