Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивна активност на СВР Тетово за заштита од имотни деликти

Превентивна активност на СВР Тетово за заштита од имотни деликти

Постапувајќи согласно превентивниот проект „Безбедно лето 2025,“ Отсекот за превенција при СВР Тетово вчера (17.07.) реализираше превентивна активност со граѓани, посветена на заштитата од имотните деликти.


На локации на улицата „Љуботенска“, во близина на пазарот во Тетово, преку непосредни средби и разговори со граѓаните, полициските службеници покрај практичните совети и укажувања на граѓаните, им делеа и едукативни летоци со информативни содржини насочени кон поголема заштита, пред се од кражби, но и други имотни деликти.

Мени за пристапност