Денеска (30.05.) од страна на Отсекот за превенција при СВР Струмица беа реализирани едукативни предавања со учениците од деветто одделение во основните училишта „Маршал Тито“ и „Никола Вапцаров“ во Струмица, како и во основното училиште „Гоце Делчев“ во село Василево, струмичко, а во рамки на превентивниот проект - „Безбедни полуматурски прослави“.
Преку интерактивно предавање, на полуматуранти им беше потенцирана забраната за конзумирање на алкохол, потоа за важноста од одржување на стабилен јавен ред и мир во угостителскиот објект каде се одржува прославата, но и за забраната за присуство на малолетници во угостителски објекти после 24 часот. Исто така, на децата им беше укажано и за штетните последици од користење наркотични средства, за законските обврски околу управување на мотори и слично.