Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Симулациска вежба за справување во кризна ситуација

Симулациска вежба за справување во кризна ситуација

Вчера (30.05.) Полициски службеници од ПО Македонска Каменица во соработка со претставници од ЦУК, од ДЗС Делчево, од ТППЕ Македонска Каменица, како и од ИМП Македонска Каменица и од Црвен крст, во подружница на Основно општинско училиште „Св.Кирил и Методиј“ во село Саса за учениците и воспитно образовниот кадар спроведоа симулациска вежба - евакуирање на ученици и вработени во училиштето во случај на поплави.

Покрај пренесените основни теоретски информации во справување со таков вид на кризни состојби, на учениците преку практично показната вежба им беше презентирана целокупната постапка на безбедна и брза евакуација, пружање прва помош, спрвување во панични ситуации и се она што е важно за успешно надминување на кризна состојба.

Мени за пристапност