Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивна активност на СВР Скопје за спречување на шумски пожари и бесправна сеча на дрва

Превентивна активност на СВР Скопје за спречување на шумски пожари и бесправна сеча на дрва

Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ЈП „Национални шуми“ и Шумска полиција, вчера (08.07.) на подрачјата на ПСОН Карпош, на Средно Водно, спроведе превентивна активност во рамки на кампањата за спречување на шумските пожари и бесправната сеча на дрва.


Притоа, во разговор со граѓаните, беше потенцирано дека е потребна континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување, како фрлање и палење ѓубре, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и слично, со цел брза и навремена реакција на институциите.


Исто така, беше нагласено дека во текот на летниот период со карактеристично зголемени дневни температури, расте и опасноста од предизвикување на пожари од невнимание. Затоа, беше посочена потребата од заштита и намалување на ризикот од настанување на шумски пожари и пожари на отворен простор. Покрај тоа, граѓаните беа информирани и за законските одредби и санкции, особено во поглед на законскaта регулатива која го опфаќа делото пожар, односно „предизвикување општа опасност“, регулирано во Кривичниот законик по член 288, со предвидена казна затвор од шест месеци до пет години.


Целта на оваа активност беше да се зголеми безбедносната култура, но и да се зајакне довербата и соработката меѓу полицијата и граѓаните.

Мени за пристапност